Продавале вода од чешма како чудотворен лек за рак и тоа по 200 евра!

popara5 февруари, 20121min00
270213-voda

Италијанската полиција ја уапсила групата која продавала вода од чешма како чудотворен лек за рак и други болести.

Оваа група продавала шишиња со вода наречена Бела светлина и тоа по цена од 200 евра, убедувајќи ги луѓето дека таа е наточена од свети извори од Франција и Португалија.

На чело на групата наводно бил 71 годишен биолог и тројца кои лажно се претставувале како лекари. Тие ја користеле наивноста на преку 500 лица, кои биле заболени од неизлечиви болести, па пациентите поминувале километри за да стигнат до нив. На купувачите тие им велеле дека три пати на ден треба да земаат по неколку капки од водата и ги убедувале дека ќе оздрават.
Полицијата уапсила 39 лица во Милано, Венеција, Бари и Анкон и запленила 4000 шишиња со оваа вода. Сите лица ќе бида обвинети за здружување, измама, нанесување душевни проблеми и незаконско работење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma