Проколнатиот стан не го сакаат ниту бездомниците

15 февруари, 20120
0054007.48

Џејми Мек Карго и неговата мајка Алисон Вулан се бездомници повеќе од една година. Неодамна добија понуда од градот за поволен стан, а сега се сомневаат дека градот всушност овој стан им го „подметнал.”

Имено, брзо по вселувањето во двособниот стан во Глазгов, фамилијата во весниците прочитале приказна од минатата сопственичка која тврди дека станот го опседнуваат духови кои помрднуваат работи, расфрлаат мебел и испуштаат вознемирувачки звуци.

Синот, 20-годишниот Џејми, вели: „Не можев да верува дека се обидоа вака да не наместат. Јасно е, знаеле дека со станот нешто не е во ред, па се обидоа да не вселат што побрзо.”

„Кога си бездомник кој чека сместување, не си во можност да го критикуваш домот кој ќе ти го доделат, но мојата мајка сепак успеа да разговара со надлежните и тие и ветија дека набрзо ќе ни најдат ново сместување,” пренесува Dailyrecord.

Колку што ни е познато, новите домаќини сеуште немале паранормални искуства, а вселувањето е спроведено по забрзана постапка поради студот.

Фамилијата сега со нетрпение чека нов стан, а за киријата веројатно ќе мора да издвои двојно поголема цифра. Но, како што признаваат, тоа им е помал проблем во споредба со животот во наводно проколнатиот стан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi