Венус Сото, Том Гинес и Олимпија Ле Тан се дел од артистите кои стојат пред објективот на Нејтан Перкел за новата кампања на Луи Витон за сезона пролет-лето 2012. Инспирирана од Енди Ворхол светски познатата марка за луксузни стоки наоѓа нов и интересен подход за презентирање – секој еден од артистите си избира модел кој најдобро му прилега на личниот стил.