Една шпањолка протестираше против тестирање на козметиката на животни. Настанот се случил во средата и ги шокирал минувачите.
За да укажат на злоупотребата на животните групата активисти протестирале, а една жена се бањала во када полна со „крв“. Се разбира станува збор за вода која е обоена црвено, а не за вистинска крв.
На транспарентот кој го носеле активистите пишувало: „Колку животни умираат поради вашиот шампон?“.