Проверете дали тој е вистинскиот!

10 декември, 20120
love

Никогаш не е лесно да се одлучите дали некој е „вистинскиот“, но постојат неколку постапки и карактеристики на партнерот кои можат да ви откријат дали имате иднина со него:

Ве смее: Доколку тој има добра смисла за хумор и ве расположува, значи дека со него ве чекаат прекрасни моменти.

Сакате исти работи во животот: заедничките интереси ќе придонесат да уживате во взаемното друштво и да си ги надополнувате меѓусебните интереси и потреби.

Ве обожава дури и кога сте без шминка: Тоа значи дека тој ве сака онаква каква што навистина сте.

Свесен е за вашите недостатоци, но сеуште му се допаѓате: Никој од нас не е совршен, но тој ги знае вашите недостатоци и не му пречат.

Свесни сте за неговите недостатоци, но тој сеуште ви се допаѓа: Како и за вас, и за него важи истото правило.

Ве подржува во работите кои ги сакате: Иако тој не сака да оди на добротворни настани или пак да гледа романтична комедија, го прави тоа за вас без да се противи. Тоа значи дека тој се грижи за вас и дека сака да бидете среќни.

Може да се потпрете на него: Многу е важно да може да се потпрете на партнерот за она што ви треба или за кое ви е потребна помош.

Не ве осудува: Тој ги знае вашите ставови или пак вашите тајни, но не ве осудува туку се обидува да биде ваша потпора.

Љубоморен е онолку колку тоа што е потребно: Тој покажува интерес за тоа кои мажи се присутни во вашиот живот, но никогаш не направил некоја љубоморна сцена, која е една од најчестите причини за проблеми во врската.

Покрај него, другите мажи не ви се привлечни: Иако се среќавате со згодни момци, сепак за вас најдобар е токму тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi