“Прв пат во животот сум целосно задоволна!”

3 октомври, 20120
cameron-diaz-esquire-uk-1012- (4)

Повеќето жени кои се приближуваат до 40-тата се плашат од овие години, но не и таа!

Омилената холивудска девојка, Камерон Дијаз во интервјуто за магазинот Esquire открила дека во 40-тите се чувствува подобро отколку  на 25 години.

“Прв пат во животот сум целосно задоволна. Многу сум возбудена, стареењето е најдобар дел од целото искуство во кое знам повеќе од претходно. Благодарна сум. Се познавам себе си повеќе, и се чувствувам поспособно од било кога до сега. А што се однесува до физичкиот изглед, на 40 се чувствувам подобро отколку на 25”, објаснува Камерон.

И покрај нејзината возраст, Дијаз истакнува дека еден ден би можела да има деца.

“Таа можност е отворена, не сум толку стара. Верувале или не, се чувствувам многу…способно. Не се омажив…затоа што сум паметна! Се шегувам, тешко е тоа да се каже. Пред олтар не сакав на 20, ниту на 30, па ќе видиме што времето ќе донесе. Ги гледам и моите пријателки, како стареат, нивните врски созреваат и луѓето ги привлекува таквата промена”, заклучила Камерон.

Инаку, Диаз минатата година ја прекина врската со безбол играчот, Алекс Родригез, а сега ужива во статусот слободна девојка!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi