Се верува дека ова е првата фотографија која ја забележиле научниците од ајкула која јаде друга ајкула.
Австралиските научници оваа неверојатна глетка ја снимиле кај островот Great Keppel, пренесува британскиот Дејли Мејл.
Ајкулата која има сопсобност на камуфлирање и изгледа како кал на дното на морето, се наоѓа најчесто и таму од каде и ги лови своите жртви. Истражувачите минатата година објавија дека не е ништо чудно ајкулите да јадат други од својот вид, а тоа беше и докажано откако бил проучуван стомакот и содржината во него на една ајкула. Оваа фотографија е вистински доказ за тоа.