Првиот човек на светот кој нема срце!

9 февруари, 20120
111111111

Докторите од Институтот за срцеви заболувања во Тексас успеаа да направат замена на срцето на еден пациент со направа која ќе овозможи нормален проток на крвта. Со ова пациентот, 55 годишниот Крег Луис, е првиот човек на светот кој живее без срце, а со тоа и без пулс.

Направата, која наликува на турбина, не чука како нормалното срце кое ја пумпа крвта, туку овозможува постојано течење на крвта низ телото.

Крег, кој страдал од амилоидоза, односно зголемување на бројот на абнормални протеини кои ги запушуваат вените, сега повторно може да му се радува на животот, иако многумина можеби ќе го сметаат за вампир заради недостигот на пулс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi