Витни Хјустон починала од смртоносна комбинација на Валиум, Касанакс и алкохол, покажал прелиминарниот извештај на токсиколошките наоди објавени од страна на Fox News .
Иако конечниот извештај допрва треба да се утврди, за точната причина за смртта, се наведува дека коктелот од лекови и алкохол предизвикал прекин на работата на срцето.
Да се потсетиме, пејачката на 11 февруари е пронајдена мртва во бањата во хотелската соба во еден хотел на Беверли Хилс. Во моментот кога е пронајдено нејзиното тело, нејзиното лице било под вода.
И покрај итната медицинска интервенција и обидите за оживување, пејачката не успеа да се спаси.