Веќе е познато дека пуканките се богати со растителни влакна и со многу малку масти. Но сега тие се во групата на супер храните, поради големата концентрација на моќните антиоксидантни полифеноли, кои можат да се преборат со штетните молекули, кои се натрупуваат во телото и предизвикуваат потоа оштетување на клетките.
Диетологот Џо Винсон соопшти дека полифенолите се во поголема концентрација во пуканките во кои има средно околу 4% вода, наспроти 90% во повеќето овошје и зеленчук. Уште поважно откритие е дека обвивката на пуканките што никој не ја сака затоа што се лепи по забите, има највисока концентрација на полифеноли и растителни влакна.