Пушењето ја оштетува меморијата на мозокот

popara24 декември, 20121min01
pusenje

Според последните научни анализи, никотинот, повеќе од покачениот крвен притисок или стврднување на крвните садови, негативно влијае на мозокот и центарот за помнење.

До овие алармантни резултати дојдоа група научници од лондонскиот кралски колеџ. Нивната студија покажала дека пушењето ги уништува менталните способности, вештините за учење и размислување.

Податоците за здравје и животните навики се собрани од 8,800 луѓе постари од 50 години, додека објавените испитувања на мозокот се направени така што од испитаниците било побарано да научат нови реченици или да набројат што повеќе животни во рок од една минута. Испитувањата биле објавени после четири и потоа после осум години.

-Ризикот од срцев или мозочен удар во значајна мера е поврзан со намалувањето на расудувањето. Постои конзервативна поврзаност помеѓу пушењето и слабите резултати на тестовите, истакнуваат истражувачите.

One comment

  • kristina

    14 јануари, 2013 at 16:30

    :S strashna rabota site znaeme deka pushenjeto e stetno i pak prodolzuame so pushenje

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma