Таблетот кој веќе се продава во Франција, своето претставување го имаше и на саемот CES. Најавена и негова англиска верзија.
Qooq (се чита како cook) е таблет наменет за користење во кујна.
Може да се користи со нечисти раце, да се навлажни, да се изложи на температура до 60 степени и тој ќе остане неоштетен, што го прави идеален партнер во готвењето.
Заедно со тоа, со овој таблет, корисниците можат да добијат и пристап до рецептите на познатите готвачи, кои може да го прилагодат на себе, а од компанијата која го произведува велат – „Знаеме дека луѓето користат hi-tech уреди во кујната. Со нашиот таблет, нема ризик”.
Новата верзија ќе има двојадред процесор на 1 GHz, а работи на прилагодена верзија на Linux. Екранот со големина од 10,1 инчи има резолуција од 1024 х 600 пиксели, а таблетот поседува USB и Ethernet порт, како и слот за SD картичка.
На американскиот пазар ќе стигне во вториот квартал, по цена од 400 долари.
http://www.youtube.com/watch?v=bwbbHj1Qp8Q&feature=player_embedded