Рафинираниот шеќер – слатко задоволство но и многу опасно

popara30 јануари, 20121min00
i

Консумацијата на шеќер последниве 2 векови е драстично зголемена и оди паралелно со брзото и постојано покачување на срцевите болести, дебелината и други дегенеративни болести.

Шеќерот го примаме под многу форми – највеќе како декстроза, фруктоза, и силно преработениот фруктозен сируп. Него го има во прекумерни количини во газираните пијалоци, овошните сокови, спортските пијалоци и преработената храна.

Шеќерот влијае на нивото на калциум, фосфор, гликоза, холестерол и триглицериди и има лош ефект врз имуниот систем и нивото на ензими во црниот дроб.

Шеќерот придонесува за развивањето на многу болести. Прекумерната употреба може да доведе до камен во жолчката, апендицит, хемороиди, проширени вени, ослабен вид, автоимуни болести, артрит, астма, склероза, депресија, алергии, болести на непцата, мигрена. Возможно е и да ја влоши работата на панкреасот, надбубрежната жлезда, црниот дроб, бубрезите и капиларите.

Брзото ослободување на гликоза во крвта и непостојаното ниво на инсулин го забрзуваат стареењето на клетките и го истоштуваат панкреасот, надбубрежните жлезди, штитната жлезда, хипофизата и половите жлезди. Телото веќе не е способно да се справува со стресот и со натрупаните токсини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *