Ресторанот Earth Dragon Edibles Restaurant & Lounge, во Орегон им служи храна подготвена со марихуана.
Сопствениците се надеваат дека нема да имаат проблеми бидејќи храната ја служат на пациенти кои имаат медицински проблеми. Марихуаната не ја наплатуваат дополнително, таа е вклучена во цената на оброкот.
Локалниот полицаец изјавил дека за сега ресторанот не го загрозувал законот, но доколку властите одлучат дека ресторанот се занимава со илегална работа, сепак ќе мора да биде затворен.
Исто така, на муштериите им е дозволено да пушат хашиш, но и тој не се наплаѓа дополнително.