Состојки:
- 1 кг лосос или туна
- сок од еден лимон
- сол
- 1 шолја црни маслинки, исечкани на поголеми парчиња
- 150 гр шери домати, исечкани на четвртини
- 3 големи лажици виолетов кромид, ситно исечкан
- 3 големи лажици копар
- 1 голема лажица мајоран, оригано или босилек, ситно исечкан
- 2 големи лажици магданос, ситно исечкан
- 1 голема лажица малсиново масло
- 1 голема лажица оцет
- сол и црвен пипер
Начин на подговување:
Најдобро е филетите риба да се подготват на скара (ако немате услови, може и во шпорет). Филетите премачкајте ги со сокот од лимон и сол од двете страни. Печете сѐ додека месото од рибата не почне да се раздвојува.
Во меѓувреме, можете да го подготвите додатокот од зеленчуци и зачини. Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад со средна големина.
При сервирањето, на секоја порција риба (филет) додадете и 1/3 шолја од додатокот со зеленчук и зачини.