Ријана добила понуда од еден милион фунти за да се соблече за Palyboy. Пејачката изјавила дека размислува за понудата и последиците.
Хју Хефнер верува дека убавицата од Барбадос станала бестселер поради глобалната популарност.
Според изјавите на изворите, пејачката е заинтересирана, но и загрижена поради влијанието врз нејзините млади обожавателки.
“Ријана и Хефнер во моментов се во тајни преговори. Хефнер смета дека Ријана во моментов е најдобра музичка звезда која би можела да се појави на насловната на магазинот. Таа е прекрасна, секси и планетарно популарна. Playboy не е некој перверзен порнографски магазин. Ѕвездите со своите голи тела покажуваат класа и софистицираност. Со оглед на тоа дека Ријана е многу креативна, тој аспект и се допаѓа”, изјавил неименуван извор.
Изворот верува дека Ријана ќе го потпише договорот порано или подоцна, бидејќи Хефнер е убеден дека тоа во голема мера ќе ја зголеми продажбата на неговиот магазин.