Познатата пејачка открила дека би сакала да игра во филмот кој зборува за љубовта на две лезбејки.
Познатата пејачка е многу задоволна со улогата во реализацијата на “Battleship” и планира да продолжи со актерската кариера, а следната улога би можела да биде токму таква каква што таа посакува.
Улогата на Ријана во акционата авантура наишла на добри коментари и критики од публиката.
За време на едно интервју, водителката ја прашала пејачката кој од актерите би го избрала за партенер во романтичната комедија?!
“Кој вели дека мора да биде машко?”, одговорила пејачката и искоментирала дека улогата на лезбејка за неа претставува голем предизвик и нешто во што би сакала да испроба.