Како што пренесуваат американските таблоиди, големата желба на Роби Вилијамс е купувањето на куќата во која умрел Мајкл Џексон. Имотот на Џексон се проценува на 15 милиони фунти.
Како што тврди порталот TMZ, само личностите кои веднаш можат да го платат бараниот износ, ќе бидат повикани за да ја разгледаат огромната куќа во која во 2009 година умре Мајкл Џексон. Пријателите на Вилијамс велат дека тој ги има парите потебни за купување на имотот.
Вилијамс во моментов поседува куќа на Беверли Хилс која ја купил пред четири години за 10 милиони фунти. Меѓутоа, за пејачот таа не е доволна. Куќата во која починал Џексон има седум 7 спални соби и 13 бањи.