Ролат со шунка и спанаќ

12 февруари, 20120
rolat

Потребни состојки:

80 гр. брашно

80 гр. маргарин

500 мл. млеко

5 јајца

250 гр. сварен спанаќ

100 гр. кравјо сирење

100 гр. сецкана шунка

Припрема:

Испржете го брашното со маргаринот со постојано мешање. Додадете го млекото и оставете да се готви на тивок оган додека смесата не зе згусне. Кога смесата ќе се излади додадете ги жолчките.

Изматете ги белките па додадете ги во смесата. Додадете го и спанаќот и промешајте. Од смесата испечете кора на 180 степени околу 20 минути.

Откако кората ќе се испече, прекријте ја мокра крпа и оставете ја да се излади. Направете фил од издробен кашкавал и сецкана шунка и филувајте ја кората, па свиткајте ја во ролат. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *