Rolls-Royce Ghost “1001 ноќ”

21 ноември, 20120
Rolls-Royce-Ghost-1000-Nights

Не дека на клиентите од Блискиот Исток кои можат да си дозволат Rolls Royce им треба посебна причина да си купат еден за себе, но…сеедно британската фирма одлучила да им даде…

Како планираат да го направат тоа? Британската компанија, за нив подготви специјална колекција на моделот Ghost, инспирирана од познатата легенда “1001 ноќ”.

Дивизијата на Rolls Royce од Блискиот Исток ќе изработи три различни варијани (тие ги нарекуваат поглавја), а првата од нив, наречена “Chapter One” (прво поглавје) ќе биде претставена на 28 ноември на саемот во Шарјах (еден од седумте емирати). Останатите два модели, наречени “Chapter Two” (второ поглавје) и “Chapter Three” (трето поглавје) ќе следуваат во првиот и третиот квартал од 2013 година.

Првата специјална едиција на Ghost која што може да ја видите на фотографиите доаѓа во двобојна мат комбинација со специфични тенки ленти околу автомобилот и зборовите “1001 ноќ” испишани на арапски јазик под задниот столб. Ентериерот на Ghost е обложен со црна и бела кожа. Повеќе детали, како и цената на “првото поглавје” од специјалната колекција ќе бидат објавени на саемот во Шарјах.

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

ORIGINALNI ROLLS ROYCE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *