Во два одделни инциденти вчера во САД повредени две деца.
4-годишно момче од Хјустон во игра со пиштол се застрелало во главата и неговата состојба е критична, додека друго 5-годишно дете се застрелало во ногата со пиштол сопственост на неговите родители.
Четири годишното момче се искачило на плакарот и го нашло скриениот пиштол, кој бил свртен кон него. Родители биле во друга соба и кога слушнале истрел, го нашле момчето како лежи на креветот рането.
Пет годишното девојче, пак се опоравува во Филаделфија откако се ранила со пиштолот во нозете.
Полицијата и во двата случаи не покренала никакви обвиненија против родителите.