Сака мажи, ама не е по сексот! Девојката која откри дека сексот не ја привлекува!

popara3 февруари, 20121min00
yx4380q

Студентката од Британија, Џени изјавила дека другите луѓе воопшто  не ја привлекуваат сексуално, но сепак има дечко. Таа додала дека некои луѓе и се убави,но дека не ја привлекуваат сексуално.

Студентката по филозофија и теологија Џени Гудчилд (21) од Велика Британија открила дека е асексуална, односо дека не чувствува никаква сексуална привлечност од никого.

„Мислам дека некои луѓе се убави, иако сум асексуална. Ги ценам естетските квлаитети на луѓето, но не чувствувам никаква потреба за секс“, објаснила Џени. Таа зборувала за нејзината состојба во една емисија на Би-Би-Си, и открила дека е една од оние 1% од луѓето во Британија кои се асексуални.

Џени изјавила дека многу луѓе ја прашуваат како знае дека е асексуална, кога никогаш не ни спиела со никого.

„А, како луѓето знаат дали се хомосексуалци или не се, ако пред тоа немале секс со никого? Тие работи едноставно ги знаеш. Не сум заинтересирана за секс и тоа е тоа“, изјавила студентката.

Социолозите објасниле дека постои разлика меѓу аскесуални романтични луѓе и асексуални неромантични луѓе. Џени е во првата група, бидејќи таа има дечко.

Нејзиното момче, Тим (22), сепак не е асексуален. Двајцата заедно се среќни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag