Сакате да го подобрите љубовниот живот? Направете го следново!

popara18 ноември, 20121min00
love

Ако не сте задоволни од својот љубовен живот, можеби е време да донесете некоја романитчна одлука и да примените некои од овие совети.

Излегување

Препорачливо е барем еднаш месечно да излезете со вашиот партнер на посебно место, ново кафуле, ресторан, или пак на некое ваше омилено место. Ова немора да чини многу пари, но потрудете се барем атмосферата да биде посебна. Ваквите излегувања, проверено, прават чуда во човечките односи.

Љубовни пораки

Напишете “те сакам“ на лист хартија и оставете го покрај партнерот, без никаков посебен повод. Убаво е кога некој ќе ве потсети дека сте сакани, дури и во обичен ден.

Нови пози

Освежете го својот сексуален живот, набавете возбудливи книги, како Кама Сутра. Никогаш немојте да премолчите за она што сакате да правите во кревет, запознајте го го партнерот со вашите размислувања и она што ви е интересно, возбудливо. Во овој случај молчењето не е злато.

Ново хоби

Заедно почнете да се занимавате со исто хоби, уредување на градината, научете подобро да готвите, танцувате, пливајте или пак заедно возете велосипед. Секоја заедничка активност е добредојдена.

Албум

Заборавете на складирањето на фотографии на компјутер, направете старомоден албум со вашиот партнер, од разните случки кои сте ги доживеале заедно. Заедно седнете и одберете фотографии кои сакате да ги гледате во албумот и потсетете се на драгоцените моменти.

Патување

Секој слободен викед, или пак секогаш кога ќе ви се пружи можност обидете се да избегате од градот. Посетете ги роднините во село или некои пријатели кои живеат во периферијата. За оние кои се поавантуристи, земете го шаторот и одете на кампување.

Вечери

Организирајте средби во вашиот дом, направете вечера за пријателите или луѓето кои ви се драги. Заедничко дружење со пријателите во пријатна атмосфера е секогаш добра идеја.

Ослободете се од лошите навики

Пушите? Обидете се да ги оставите цигарите уште денес. Идентификувајте ги и отстранете ги сите лоши навики, станете подобар пријател и колега. Грижете се за вашето тело и дух, немојте да заборавите секојдневно да се смеете.

Најдобрата година во животот

Без оглед што не е почеток на година, без оглед дали сте сами или во брак, нека оваа 2011 година биде ваша најдобра година. Живејте и мислете така, секое утро потврдувајте го својот позитивен став. Секој ден обидете се да научите нешто ново, кон другите и кон себе однесувајте со љубов и внимание.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag