
„Покојниот“ Сантос Кумар Синг се кандидирал на престојните претседателски избори во Индија за да докаже дека е жив.
Безуспешно му праќал писма на премиерот и сега се регистрирал како еден од кандидатите за претседател, во надеж дека документите ќе го докажат неговото постоење.
Според неговите зборови правната постапка да ја поништи умреницата била одбиена, а неговата баба била потсмевана од сите бидејќи дозволила на ќерка си да се земе за „мртов човек“.
Несреќниот Синг го напуштил своето село во 2000 година и се вработил во Мумбај, каде се запознал со својата жена. Три години подоцна со невестата се вратил во селото да ја претстави жената од пониска класа, роднините го избркале и му рекле дека тој е срам за семејството.
Потоа била поднесена пријава за исчезнато лице, која подоцна се претворила во уреница. Селаните дури направиле и церемонија по погребот.