Samsung Electronics го превзема водечкото место во производството на мобилни телефони од Nokia, според истражувањето кое го спроведе Strategy Analytics.
Nokia го држеше првото место од 1998., кога ја надмина Motorola, меѓутоа, во првото тромесечие на 2012. Samsung испорача 93 милиони телефони, а Nokia скоро 83 милиони.
Samsung исто така работел со рекорден финансиски успех – најдобар уште од 2008 година. Нето-профитот во периодот од јануари-март 2012. изнесува 4,5 милијарди долари, што е 81% повеќе од ова време минатата година.
Освен тоа, Samsung е најголем производител на телевизори и flat екрани во светот.
Успехот на Galaxy линијата допринесе и Samsung да го надмине Apple Како најголем продавач на паметни телефони. Во првите три месеци на 2012. Samsung продаде 44,5 милиони телефони, додека Apple 35,1 милиони.
За споредба, минатата година Samsung испорача 330 милиони телефони (97 милиони паметни телефони).