Од големите компанија ретко слушаме признание дека на некој пазар не им оди баш најдобро, но Samsung пред неколку дена на MWC го направи токму тоа.
Зборејќи за напорите на компанијата да го победи iPad на Apple, Хенкил Јон, еден од раководителите на оваа компанија, изјавил дека „не им оди баш добро на пазарот на таблет компјутерите”.
И навистина е така, пренесуваат медиумите, дури и HP продал повеќе таблети од Samsung во 2011, но Јон е оптимистичен и вели дека Samsung добро ќе работи во 2012 година.
Дел од успехот ќе биде припишан, според неговото мислење, на уредот Galaxy Note, кој е нешто помеѓу паметен телефон и таблет, а Samsung очекува во 2012 година да испорача 10 милиони примероци.
Инаку, Samsung во неделата, пред официјалниот почеток на Mobile World Congress одржа конференција на која беа претставени двата нови таблети, Note и Galaxy Tab 2.