Париз – Никола Сакрози актуелниот претседател на Франција, а исто така и кандидат за уште еден претседателски мандат за шеф на државата е многу внимателен човек.
Пред да тргне кон толпата ентузијасти кои го подржуваат Саркози се поздрави со неколку луѓе кои стоеа од страна, а потоа искусно го извади часовникот од рака и го стави во џеб, за да не му го земе некој. Што е сигурно, сигурно си е.
Инаку, станува збор за рачен часовник кој чини 55.000 евра, кој го добил како свадбен подарок од својата сопруга Карла Бруни.
Низ сите телевизиски и интернет медиуми се прикажа ова видео во кое Саркози вешто си го сокри часовникот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=2Y9_HkhVYRs