Саудијска Арабија воведе електронско следење на жените

popara24 ноември, 20121min00
zeni

Ова е единствена земја во светот каде жените не смеат да возат… Жените во Саудиска Арабија отсега ќе бидат следени по електронски пат секогаш кога ќе ја напуштат државата.

Од минатата недела мажите добиваат пораки на својот телефон во кои се укажува кога жената во нивно старателство ја напушта државата, објави Гардијан. Во таа држава е забрането жените да возат автомобили и повеќето работни места се недозволени за нив.

Во принцип, Саудијките добиваат официјално одобрување од своите сопрузи за да патуваат во странство и да достават на граница „жолт лист“, документ за напуштање ан државата потписан од мажот кој дава дозвола за тоа напуштање.

Манал ал-Шериф, активистка почна со ширење на таа вест на Твитер. Според неа, секогаш кога жена ќе ја напушти државата нејзиниот старател(сопруг) добива порака од имиграциските власти за нејзиното движење. Потегот наиде на бројни критики.

– Ако ми треба порака за да дознаам дека мојата сопруга ја напуштила државата, тогаш или сум се оженил со погрешна жена или ми е потребен психијатар, вели еден од оние кои не поддржуваат такви мерки.

– Попаметно е Владата да почне да се грижи за жените кои се жртви на семејно насилство, напиша друг противник на тој закон на Твитер.

Во јуни минатата година, многу активистки покренаа кампања против забраната за управуавње автомобили. Многу од нив беа уапсени  приморани да дадат заклетва дека тоа нема никогаш повеќе да го направат.

Со закон никаде не е забрането управување возило од страна на жена, но министерот за внатрешни работи во 1990 година формално забранил управување возило од жена откако 47 жени биле уапсени по демонстрации во кои со автомобили блокирале патишта. Минатата година кралот Абдула даде право на жените да гласаат на изборите како и право да се кандидираат на изборите во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma