Се продава еден од најстарите дијаманти во светот!
24 април, 20120

Beau Sancy еден од најстарите дијаманти во светот се продава во Sotheby’s за четри милиони долари.
Скапоцениот камен стар 400 години припаѓал на француската кралица Марија де Медичи, а има 34.98 карати и по потекло е од Индија. Последниот сопственик на овој дијамант биле потомците на германскиот цар Вилхелм II.
Дијамантот ќе биде изложен во Париз, Лондон и Цирих пред да биде продаден во Женева на 15-ти мај.