Тој веќе го препливал Ламанш, а сега се одлучил на уште еден предизвик.
Францускиот пливач Филип Кроазон, кој поради струен удар ги загубил екстремитетите, ќе плива низ неколку континенти. На тој пат ќе го следи и неговиот партнер во пливањето Арно Шасери.
„Со овој подвиг, сакаме да испратиме порака дека народите не се толку оддалечени едни од други. Иако имаме различни политички мислења, различна боја на кожа, а некои имаат и физички недостатоци, сите живееме на иста планета“, изјавил пливачот без Кроазон.