Сексуалниот живот преминува во рутина, рано или касно. Ако сакате да не стигнете до ваква ситуација, заборавете на интимните активности во кревет.
Има безброј други места, на кои да се забавувате со својот партнер, со многу повеќе сексуална возбуда, отколку во класичните пози и „досадниот“ кревет. Дури и не претпоставувате колку соодветни местенца за квалитетен секс се кријат во вашиот дом, а тоа воопшто не подразбира спалната соба.
Сигурно има најмалку 50-ет места во вашиот дом, каде не сте имале секс. Ваквата промена ќе ве наполни со свежа сексуална енергија и идеи, ќе ја разбранува фантазијата, менувајќи го темелно вашиот сексуален живот.
Ако ви преминало во навика да правите секс во текот на ноќта само, тогаш сменете го својот еротски часовник да „звони“ и преку ден. Зошто не наутро, ефектот на изненадувањето ќе направи многу силен впечаток и исто толку силна возбуда кај вашиот партнер.
Останува се на вас и вашата богата фантазија и креатвност! Дозволете си да уживате максимално во задоволствата што ги носи сексот со себе. Рутината е најголемиот убиец на сексот. Затоа подалеку од креветот!