Сексуалната желба особено онаа на жените го достигнува својот врв во 23 часот во сабота, покажа последната британска студија.
Резултатите се дел од статистиката, добиена од британското национално истражување на вистината за женското либидо. Макар што голем дел од британците се задоволни од својот сексуален живот, голем процент ги обвиниле секојдневните работни обврски и недостатокот на слободно време како причина за намалена желба за секс.
Експертите утврдиле дека токму поради овие причини, сабота навечер е вистинскиот момент за квалитетен секс. Според истражувањето ова е времето кога нивото на хормонот кортизол кој ги стимулира половите хормони, го достигнува својот врв.
Освен тоа нивото на половите хормони тестостерон и естроген се пет пати повисоки во текот на саботната вечер.
На нас останува максимално да ја искористиме оваа информација во наша полза.