Сфатил дека има премногу, па решил се да продаде и сега патува само со 15 предмети! :)))

popara9 јануари, 20121min00
y7o98

Ендрју Хајд работел како организатор на конференции. Имал се и повеќе од доволно. Еден ден се шокирал кога видел што се има по дома, а не го користи, па решил да продаде скоро се и да живее само со 15 најнеопходни работи.

Станот ми беше пренатрупан со работи, а јас и понатаму купував. Тоа веќе небеше прашање на потреба, туку навика. Кога сето тоа го сфатив се промени мојот став за купувањето. Едноставно престанав да купувам, изјавил Хајд.

Почнал да експериментира за живот без паричник и сфатил дека може да преживее цела недела без пари, освен ако ја исклучиме храната.

Долговите ви ги убиваат соништата. Сега имам само три кошули и еден пар панталони. Секој ден правам некои интересни работи и ниту еденаш не сум посакал да имам нешто повеќе. Сега наместо на нештата им се посветувам на односите, изјавил Хајд.

Еве ја листата на тоа што поседува Ендрју:

  1. Ранец
  2. Кошула со кратки ракави
  3. Јакна за дожд
  4. Маица
  5. Кратки панталони
  6. Пешкир
  7. Волнена јакна
  8. Хигиенски прибор
  9. Наочари
  10. Паричник
  11. Лаптоп
  12. iPhone
  13. Кошула со долги ракави
  14. Комбинизонки
  15. Чевли

Лната облека и чорапите не се на оваа листа бидејќи неможе да ги замени за пари и не ги смета за средства. За своите секојдневни искуства, доживувања и патувања тој пишува на својот блог.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag