Додека безгрижно уживала во одморот во Кејп Таун, пејачката Шакира била нападната од морски лав. Всушност, додека уживала во туритичката тура, морскиот лав скокнал од водата и речиси ќе ја загризал, бидејќи го заменил нејзиниот мобилен во раката за риба.
Шокирана пејачката по овој настан изјавила дека лавот “испуштал чудни звуци од бес”, додека се упатувал кон неа, и дека ако нејзиниот брат не ја спасил, таа досега ќе била мртва.
“Во текот на денот видов неколку морски лавови. Мислев дека се многу слатки, па се приближив многу повеќе од останатите туристи и се спуштив низ карпите. Одеднаш, еден лав скокна од водата толку брзо, ме погледна, испушти чудни крици од бес и се обиде да ме гризне”, објавила Шакира на својот Facebook профил.