Сексипилните глумици во новата комедија, која почнува да се снима следниот месец ќе играат љубовници. Легендарниот режисер Woody Allen ќе се појави како макро од кого убавиците изнајмуваат жиголо.
Оскаровката Sharon Stone и убавата Sofía Vergara играат две жени кои започнуваат романса, а John Tartaro, кој всушност е режисер на ова филмско остварување ќе глуми жиголо со кого двете убавици повремено си “играат”.
“Sharon со нетрпение го очекува снимањето затоа што верува дека ќе биде забавно да се игра љубовница на еден од најсекси жените на денешницата”, изјави извор близок до познатата актерка.