Шефовски правила

17 јули, 20120
sefoovski pravila

Закони

Боледување

Од денес не примаме лекарски уверенија дека сте болни. Ако можете на доктор, можете и на работа.

Операции

Операциите се забранети. Додека работите кај нас ни требаат сите ваши органи, пошто таков ве вработивме. Ако ви одземат некој орган то ќе го сметаме за прекршок на нашите правила.

Празници и слободни денови

Сите вработени имаат право на 104 дена за празнување. Сите саботи и недели во годината.

Смрт на роднина, познаник, но и ваша смрт.

Тоа не е оправдување да не дојдете на работа. На мртвиот познаник или роднина не можете повеќе да му помогнете, затоа целиот ваш труд е залуден. Ако вашето присуство на погреб е задолжително, тогаш целиот погреб мора да се помести за доцна попладне. Секако, на погреб може да присуствувате за време ручек, доколку сте завршиле со обврските за тој ден.

Вашата смрт ќе ја примиме како оправдување што не сте на работа, но секако морате да не известите 14 дена порано, да ви најдеме замена.

Употреба на тоалет

Запослените премногу време се задржуваат во тоалет, затоа направивме распоред по абецеда. На пример: сите запослени со презиме на А, можат својата нужда да ја извршат помеѓу 8:00 и 8:20, сите запослени со презиме на Б од 8:20 до 8:40 итн. Ако во тоа време не ја обавите својата нужда, ќе мора да чекате до идниот ден кога ќе дојдете на ред. Употребата е ограничена на 3 минути. Кога ќе поминат 3 минути се вклучува алармот, ќе снема тоалет хартија и вратата ќе се отвори.

Ручек

На слабите луѓе им припаѓа еден саат за ручек, бидејќи мораат да јадат повеќе да би изгледале здраво. Луѓето со нормална килажа имаат 30 минути за ручек да ја одржуваат линијата. Дебелите работници имаат 5 минути да изедат диетна таблета и диетален чај.

Облакање

Се препорачува да се носите според платата. Ако видиме дека носите скапи работи ќе сметаме дека добро стоите финансиски и дека не ви треба плата.

Завршен збор

Сакаме да ви заблагодариме што верувате во нашата фирма. Ние сме овде да ви угодиме и убаво да се чувствувате. Ако имате било какви прашања, коментари или жалби, ве молиме да ги пратите на друга адреса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi