Шер објави нов сингл по 11 години!

popara23 ноември, 20121min00
cher

Легендарната Шер по повеќе од деценија објави нов сингл под наслов Woman’s World.

66-годишната дива, сопственик на Греми, Еми, Златен глобус како еден Оскар, го најавува својот 26 –ти студиски албум, кој би требало да се најде во продажба за католичкиот Божиќ. Доколку ги исклучиме двете песни кои пред две години ги снимила за потребите на филмот Бурлеска, песната Woman’s World, која ја продуцирал Тимбаленд, е прва за пејачката по 11 години.

“Кога ја пеев оваа песна, мислев на силни, славни жени. Потоа помислив, остави го тоа, ова е свет на жените, сите сме силни!” напишала Шер на својот Твитер профил со линк до новата песна.

Се шпекулира дека новиот материјал на легендарната пејачка ќе се појави нејзината помлада колешка Пинк, која е автор на неколку нови песни, како и Кристина Агилера и Лејди Гага, со кои наводно ќе ги вкрсти гласовите.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_gXAZ-wvNtU

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma