Младиот кинез (17) целокупната ‘операција’ ја направил во својата соба во утринските часови, а процесот го завршил со вриштење и плачење. По итна постапка е пренесен во болница каде му е спречено крварењето и отстранетиот дел од пенисот му е повторно закрпен.
После сечење нема каење!
На тинејџерот (17) од Кина му пречела постојаната ерекција, па затоа одлучил самиот да си ги исече пенисот! Како што јавуваат јапонските медиуми, момчето зафатот го направил во својата соба во утринските часови, за среќа целиот немил настан не е проследен со фотографии.
Кога слушнале извици од момчето, родителите влегле во собата и ја затекнале крвавата сцена и нивниот син како вреска од болка. По итна постапка, тинејџерот е пренесен во болница каде му е запрено крварењето и искинатиот дел од пенисот му е повторно пришиен.
-Голема грешка е тоа што со тинејџерот никој не зборувал и тоа што никој не му објаснил дека постојаната ерекција е нешто сосема нормално за негови години, изјавил лекарот кој го оперирал момчето.
Мајката на момчето истакнала дека тој е многу повлечен.
-Тој е многу мирно момче, често ми помага околу куќата, но многу му е тешко да се социјализира. Немаме ниту компјутер дома, така што не постои ништо што ќе му го окупира вниманието и ќе му ги задржи мислите – изјавила мајката.
Реконструктивната хирургија на тинејџерот е успешно завршена и како што истакнале лекарите во иднина момчето нема да има никаков проблем за време на обавување на физиолошките потреби и сексуални односи.