Шпанска пита
Вкусен појадок кој нуди огромно задоволство…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама сланина
100 грама шунка
100 грама кисели краставички
100 грама рендан кашкавал
100 грама брашно
4 јајца
За подобар вкус се предлага :
1 варен морков
100 грама варен грашок
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сланината, шунката и краставиците исечкајте ги на коцки. Кашкавалот и морковот изрендајте ги и додадете ги во смесата.
Од 4 белки изматете цврст шлаг.
Изматете 4 жолчки, додадете ги сланината, шунката и краставичките.
Во смесата додадете ги и грашокот, брашното и шлагот од белките.
Сите состојки убаво измешајте ги. Смесата налејте ја во претходно наместен и со брашно посипан плех за печење. Печете на 220 степени целзиусови околу половина час.
Кога ќе се олади питата, исечете ја на коцки и по можност сервирајте со кисело млеко.
Уживајте во вкусот!!!