Шпански ветер

21 декември, 20120
spanski veter

Потребни состојки:

За кора:

  • 10 белки
  • 400гр шеќер
  • 2 лажици оцет

За фил:

  • 10 жолчки
  • 200гр шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 0,5л млеко
  • 250гр путер
  • 100гр мелени ореви
  • 200гр шлаг
  • 100гр сецкани ореви

Начин на подготовка:

Изматете цврст снег од белки и шеќер, а на крајот додадете оцет и уште малку матете. Смесата истурете ја во подмачкан голем плех и печете на 100 степени повеќе од еден час..Ако рерната е добра, кората брзо ќе се исуши. Готовата кора подлете ја, да добиете две помали кори. За фил, изматете жолчки со шеќер и брашно, па во млеко сварете го филот. Кога ќе се олади, додадете пенасто изматен путер, мелени и сецкани ореви, добро соединете ја смесата и филувајте ја тортата. Потоа премачкајте ја со шлаг и украсете со малку сецкани ореви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber