Што е всушност политика?

popara18 декември, 20121min00

Го прашува синот таткото:

Што е всушност политика?

Таткото вели: Тоа барем е едноставно. Гледај, јас носам пари, значи јас сум капитализам. Мама располага со парите, таа е значи влада. Дедо гледа се да биде уредно распоредено, значи тој е држава. Слугинката е работничката класа. Единствена цел, значи е да ти биде тебе добро, значи ти си народ. Помалиот брат, кој е уште во пелени, е нашата иднина.

Синот се замислил, па му вели на таткото: Ќе преспијам една ноќ за да можам за тоа да размислам. Среде ноќ го разбудило плачењето на помалиот брат, кој ги наполнил пелените. Бидеќи не знаел што да прави, тргнал кон собата на мајка му. Таа спиела како заклана. Тргнал кон собата на слугинката и гледа, татко му прави некои необични движења во нејзиниот кревет. Погледнал кон прозорецот и го видел дедо му како со уживање гледа што се случува. Видел дека никој не го рецка, ниту му гајле за неговата мака, па се вратил во креветот. Следното утро, татко му го викнал и го прашува дали сега му е јасно што е тоа политика?

Како да не, јасно ми е како ден – рекол синот:

Капиталистите ја злоупотребуваат работничката класа, додека државните органи гледаат, а владата спие, народот е тотално запоставен а иднината е цела укакана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag