Што го намалува либидото?

popara12 јануари, 20121min00
1

Недостатокот на сексуална желба навистина може да ја наруши врската, а постојат многу причини кои го намалуваат либидото. Еве ги најчестите:

Физичкиот изглед: Многу жени, но и мажи се оптеретени со својот изглед, па често се обидуваат да ги скријат своите недостатоци од партнерот. Психичката оптеретеност со физичкиот изглед влијае негативно врз сексуалната желба и го намалува либидото.

Бел леб:  Според последните истражувања, белиот леб содржи толку многу јаглени хидрати и шеќери, па не само што влијае врз нашата тежина, туку ја намалува и сексуалната желба. Истражувањата покажуваат дека шеќерот ја намалува енергијата, па со тоа и желбата и потребата за секс.

Контрацептивни апчиња: Хормонските апчиња го намалуваат уживањето во самиот сексуален однос бидејќи ја сушат вагината, што оневозможува да се постигне оргазам, покажаа истражувањата.

Депресија: Депресијата е голем фактор кога станува збор за намалување на либидото. Во овие случаи, потребно е да се излечи депресијата и причините кои доведуваат до неа.

Стрес: Брзиот начин на живот едноставно ја намалува желбата за секс, особено кај понежниот пол, покажаа последните истражувања. Наместо да го користите сексот за да го исфрлите стресот, стресот едноставно ја убива желбата за секс.

Долга врска: Со тек на време и сексот станува навика, а често се случува партнерот да ја изгуби привлечноста за вас. Затоа се советува постојано да се внесуваат нови случувања во спалната соба, со цел да се избегне монотонијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag