И платил на девојката силиконски гради и ја тужел поради “губење на употреба” кога раскинала со него.
Сообраќајниот полицаец Лукас Миловик од Полска ја нашол девојката од соништата, но со еден ‘минус’ – немала големи гради.
Со месеци навалувал, и покажувал фотографии од обдарени девојки, и конечно успеал да ја убеди да и ја финансира операцијата за зголемување на градите.
Патрисија Пајак (24) изјавила за полскиот печат дека Лукас со месеци “ја давел” околу операцијата и дури и се заканувал дека ќе и се врати на поранешната девојка која имала огромни гради.
“Конечно попуштив и тој плати 7.000 евра за операција. Ми вградија ‘петки’, но кога се вратив дома, тој беше заљубен во градите, а не во мене”, изјавила Патрисија, која од тие причини го оставила момчето.
Набрзо потоа во поштата нашла писмо од неговиот адвокат во кое наведува дека Моловик ја тужи поради ‘ускратување на користење на имотот’, кој поштено го платил.
Тој бара Патрисија да му плати половина од парите, но судот ќе донесе конечна улога за случајот.