Што мислите, колку трошат девојките за да изгледаат како Кејт Мидлтон?

18 јануари, 20120
kkejt

Кејт Мидлтон неодамна е забележана на Kings Roud како купува нова облека. Според предвидувањата на британските медиуми, виолетовиот џемпер кој чини 240 евра ќе стане вистински хит меѓу англичанките, исто како останата облека која ја носи Кјет.

Откако Војвотката од Кембриџ носеше “Барбери” мантил вреден 780 евра, истиот модел во Велика Британија е распродаден преку ноќ.

Идентично сценарио се случило и со синиот “Иса”фустан кој го носеше кога ја објавија веридбата со принцот Вилијам, а “Теско” дури направил копија за само 20 евра, која е распродадена за еден час.

Трговците очекуваат наредниве денови многу дами ќе се залетаат да го купат истиот виолетов џемпер со украсни каменчиња кој Кјет неодамна го купила. Се проценува дека “ефектот на Војвотката”, и донел на британската економија дури една милијарда фунти.

-На некој начин тоа им овозможува на обичните жени да купат парче од нејзиниот живот кој личи на бајка. Скоро секоја жена од Англија годишно троши најмалку 200 фунти на облека која ја носела Кејт Мидлтон, со цел да наликува на неа, изјавила Александра Ричмонд од лондонската компанија за истражување на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi