Што научивме за љубовта во 2012 година?!

popara28 декември, 20121min01
ljubov
Новата година ни се приближува, а во оваа старата научивме доста нешта за љубовта. Веруваме дека следната година ќе дојдеме до други заклучоци, но ова се нештата кои во моментов важат:

Мажите не го сакаат празничното купување

Мажите трошат многу повеќе време и пари во одбирањето на поклони, а можеби токму тоа е причината за нивниот антагонизам кон празничното купување. Додека жените трошат во просек по три часа за купувањето подароци, мажите трошат од шест до седум часа.

Јавно искажување љубов

Секогаш кога ќе видиме пар кој страсно се љуби во јавност, често помислуваме дека тоа го иницирала жената. Новите истражувања покажале дека јавното искажување љубов е многу често идеја на мажот.

Осаменоста тешко ни паѓа

Независно од тоа на кој пол припаѓате, осаменоста е тешка за сите. Иако мажите прикриваат дека им е тешко додека се соло, по најновото истражување 27 проценти од нив признале дека не им е лесно кога не се во врска, додека ова го признале 22 проценти од жените.

Љубовта на прв поглед постои

Поверојатно е ова да им се случи на мажите. Иако не уверуваат дека љубовта на прв поглед не е нешто кое вистински постои, испитаниците на едно истражување потврдиле како до нивната триесетта година им се случила. Мажите се повеќе склони во заљубувањето на прв поглед- 58 проценти го потврдиле ова, а ваквата љубов ја доживеале 51 процент жени.

One comment

  • blagica

    29 декември, 2012 at 12:00

    sakam da se muvamlq

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag