Што не треба да јадете навечер?

popara6 јануари, 20121min00
3

Што не треба да јадете барем 2 часа пред легнување?  Месо, риба, јајца и други протеиски храни од животинско потекло. Потребни се 4 часа за нивна обработка од страна на организмот и кога ќе си легнете храната останува необработена и започнува да се разложува во стомачниот тракт.

Леб, кифлички и други тестенини, тие се обработуваат брзо од организмот, но предизвикуваат покачување на шеќерот во крвта, производство на инсулин и во резултат на тоа таложење на маснотии. Во оваа група припаѓаат сите грицки како чипсот и др.

Заборавете пред легнување на чоколадата, торти, колачи и се од таа група што е  уште полошо и од тестенините.

Јадки и суво овошје, знаеме дека се полезни, но тоа е висококалорична храна и се јаде во текот на денот и само во мали количини.  Ако нешто ви се јаде навечер, тогаш јадете салата од марула, рукола, зелка, парче тофу, кисело млеко, напијте се некој чај со малку мед. Или пак испијте чаша минерална вода и ќе сватите дека не сте можеби толку гладни, а ви се пријало по навика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag