Што некои жени е добро да знаат…за да имаат успех со мажите

popara31 јануари, 20121min00
se

Ако имате проблеми во односот со мажите, овие неколку принципи ќе ви помогнат да имате повеќе успех и среќа во љубовта.

Начинот по кој мажот ќе се однесува кон тебе е само проекција на начинот по кој ти се однесуваш кон самата себе.

Се она што човек „брка“ или поинаку кажано трча по нешто, тоа се посилно бега од него. Факт.

Оние жени за кои партнерот прави и дава се од себе, не се најчесто идеални жени. Најчесто тоа се оние жени кои не покажуваат дека им е грижа толку многу.

Понекогаш мажите смислено не се јавуваат, едноставно да видат како ти ќе реагираш.

Ако започнеш врска и ако покажеш дека си зависна од него (емоционално или поинаку) тогаш ова ќе го одалечи од тебе. Но кога е нешто што тој не може да го има тогаш преминува во предизвик, во нешто што по секоја цена ќе се обидува да го добие.

Најголемата разлика помеѓу жената  „the Bitch“ и жената која е  „too nice“ е во Стравот. „Тhe Bitch“ јасно покажува дека таа не се плаши ако остане без него.

Ако изборот е меѓу Достоинство и тоа да има врска, „the Bitch“ ќе го постави сопственото достинство на прво место и пред се останато.

Ако му кажеш дека не си заинтересирана многу за сериозна врска, тој ќе се обидува да ги промени твоите намери. Но ако ти си таа што настојува за продлабочување на врската, тој ќе се исплаши и ќе замине.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag