Ова се дефинитивно неговите (или нејзините) пет минути! Андреј Пејиќ по целото светско внимание и медиумска експонираност која медиумите му ја приредуваат и самиот си прави одличен маркетинг.
Андреј Пејиќ ги повикал сите фанови да купат маица со неговиот лик кој е прикриен со женски бакнежи и чини 38 долари, а и бројот е ограничен, има само 50 парчиња.
-Оваа маица е креирана од мојот омилен фотограф Жан Пол Пејетрус и се надевам дека ќе уживате во моето лице на вашето тело. Купете ја и направете ја мамичка горда, објавил Андреј на Twitter.