Што се треба да се види во Париз

24 јануари, 20120
1

Кога помислувате на Париз, најверојатно вашата прва асоцијација е Ајфеловата кула, меѓутоа тоа не е единственото нешто што го одзема здивот во градот на светлината.

Погледнете кои знаменитости морате да ги посетите за да го осетите вистинскиот шмек на градот над градовите.

Лувр

Со оглед на величествените артефакти и големината на Лувр, факт е дека за да го разгледате целиот музеј ќе ви биде потребен цел ден. Но вие можете барем да ја видете прочуената Мона Лиза или да видете во живо како изгледа вистинска египетска мумија.

 

Версај

Величествен од внатре, со надворешен изглед што го одзема здивот. Сребро, злато, слики, прекрасни огледала… овој познат дворец го има и прекарот Дворец на огледалата, ги има вкупно 375.

 

Шанзелизе

Ако некогаш отидете во Париз, прошетајте по оваа позната, отмена улица, која е долга над 2 километри. Ако сакате театар, дефинитивно тука ќе го пронајдете најубавиот во Европа, влезете во Театарот Шанзелизе за да дознаете зашто тоа е така.

 

Катедралата Нотрдам

Величествен  пример за готска архитектура.

 

Ајфеловата кула

Ова 300 метарско здание е симболот на Париз и затоа е станца која морате да ја посетите. Она што треба да го знаете е дека најдобро е да си купите карта onlajn, од некој од web сајтовите специјализирани за тоа, бидејќи така ќе ги избегнете редиците чекања за карта.

 

Мулан Руж

Најубавото го оставивме за крај. Доколку сакате да видите вистинска кабаре претстава, треба да знаете дека картата не е евтина, ќе ве чини 100 евра. Но ако сте веќе во Париз тоа не смеете да го пропуштите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi