Што точно видел најпознатиот НЛО хакер?

popara6 февруари, 20121min00
n11lmc_noao

Гери Мек Кинон е еден од најпознатите хакери на денешницата, а таа „титула” ја заработил откако во 2001 и 2002 влегол во 97 американски воени и NASA компјутери.

Во Велика Британија веќе 10 години се води правна битка за негово испорачување во Америка, каде веројатно го очекува затворска казна од 70 години.

Правниот состав ветил дека оваа година ќе го реши случајот, но во меѓувреме можеби е добро да се потсетиме што точно Мек Кинон барал во американските компјутери.

Денес 45-годишниот хакер од Глазгов тврди дека барал исклучиво податоци за вонземјаните и бесплатната енергија. Во своето истражување наишол и на некои неверојатни информации.

Мек Кинон тврди дека наишол на фотографии од градби на Марс кои сигурно не биле од човечко потекло, а и на документ со интересна содржина чиј наслов бил „вонземјански службеници.”

Во потрагата наишол и на проект во кој се собрани сведочењата на високи воени службеници за средбите со вонземјанска технологии и обидите на инжењерите ваквите технологии да се употребат за човечки потреби.

Во базата на податоци на NASA наишол на посебен оддел задолжен за бришење на НЛО од сателитските слики на вселената, а сите овие пронајдоци, според зборовите на американскиот правен систем, го одредија како „најопасниот хакер во историјата.”

Со оглед на тоа дека сите податоци повторно се во рацете на Американците, тешко е дека некогаш ќе можеме да провериме дали има вистина во неговите тврдења.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma